За нас

 

 ДДДММ друштво на доктори на дентална медицина на Македонија е доброволно, невладино, непартиско стручно здружение на доктори на стоматологија и сите други стручни лица кои учествуваат во стоматолошка здравствена заштита формирано со слободно здружување на граѓани без разлика на пол, вероисповест, националност и возраст, а заради остварување, заштита и усогласување на свои интереси, како и заради вршење на дејности и активности
за подобрување на стоматолошката здравствена заштита која ја даваат.


Друштвото својата активност ја реализира на целата територија на Република Македонија, согласно Уставот на Република Македонија, позтивните законски одредби и овој Статут.  Друштвото својата активност и работа ја остварува со организираност во регионални ограноци. Друштвото е организирано во:

-централен регионален огранок со седиште во Скопје
-источен регионален огранок со седиште во Куманово
-западен регионален огранок со седиште во Прилеп

Заради остварување на целите и задачите на друштвото, во рамките на друштвото, а восогласност со овој Статут, членовите од иста или сродна специјалистичка гранка на денталнамедицина, можат да формираат специјалистички здруженија.

Барање за формирање на специјалистичко здружение може да поднесат до Централниот Одбор на друштвото најмалку 15 доктори на дентална медицина –специјалисти од иста или сродна специјалност, и тоа:

- по стоматолошка протетика
- по болести на заби и ендодонт
- по орална хирургија, имплантологија и остеоинтеграција
- етернитас како здружение по ласерска стоматологија ,болести на уста , пародонт, оралнамедицина и пародонтална хирургија
- по ортодонција
- ортодонтска секција
- стоматолошко здружение на македонија како здружение по општа стоматологија

Барањето за формирање на специјалистичко здружение се разгледува на заедничка седницана Централен одбор и Комисијата за стручно стоматолошки работи и континуирана едукација,по чиј предлог за формирањето одлучува Собранието на друштвото.Материјално финансовото работење на специјалистичките здруженија се остварува прекунивни подсметки.

Секое специјалистичко здружение од своите членови избира претседател и секретар од редотна своите членови со мандат од четири години, најмногу два мандата еден по друг. Претседателот на секое специјалистичко здружение по автоматизам е член на Собранието надруштвото.

Делокругот на работа на специјалистичките здруженија се определува со посебен правилник заспецијалистичко здружение усогласено со Статутот на друштвото.


 
Со почит,

Д-р. Снежана Стојмановска

Председател на ДДДММ

Друштво на доктори на дентална медицина на Македонија