Контакт

Теоретско-практичен курс „Протезирање преку прородни заби и импланти„


На 5 март од 12 часот до 16.30 часот ќе се одржи теоретско-практичен курс (Протезирање преку прородни заби и импланти)" во хотел Кристал Палас во Прилеп.
Водител на курсот е Dr. Marco Lolli, котизација за теоретско-практичен курс 3.900 денари.

 

Mеѓународна соработка со Балканската Стоматолошка Асоцијација (BaSS)


ДДДММ е членка („supporting member„) на Балканската Стоматолошка Асоцијација (BaSS).
Од 22 до 24 Октомври во Солун се одржана редовен есенски состанок на Совет на БаСС на кој како наши представници на ДДДММ учествуваа Проф.Д-р.Ана Миновска и Д-р Маријан Денковски.

 

Со задоволство ве покануваме на Меѓународен стоматолошки симпозиум на тема „Реставрација на парадонталното компромитирано забало„

Со задоволство ве покануваме на Меѓународен стоматолошки симпозиум на тема „Реставрација на парадонталното компромитирано забало„.
Симпозиумот ќе се одржи на ден 17.10.2015 година, во Хотел Белви во Скопје.
Котизацијата за симпозиумот е 1.400 денари ( 1200,00 денари за членови со платена членарина за 2015 година ) и истиот е акредитиран од Стоматолошката комора на Македонија со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество.

 

Работен курс „Препарација на заби за безметални надоместоци - коронки и фасeти„ (основен и напреден)

Oд 16 - 18 октомври 2015 година  ќе се одржи напреден работен курс „ Препарација на заби за безметални надоместоци - коронки и фасeти". На 17 октомври 2015 година  ќе се одржи исто така ќе се одржи основен работен курс „Препарација на заби за безметални надоместоци- коронки и фасети„. во Велес.
Котизација  за основниот работен  курс до 10 октомври е 7.200 денари, а по наведениот датум е  9000 денари  и истиот е акредитиран од СКМ 10 бода. Котизација за напредниот курс е 13.500,00 денари.

 

Основен курс Темпоромандибуларни нарушувања-дијагноза и терапија на акутни и зглобни дисфункции со антерирорни депрограмери„

Курсот е со ограничен број на учесници и ќе се одржи на ден 31.10.2015 година во Скопје.

Котизација  за основниот курс е 7.000,00 денари и истиот е акредитиран од СКМ 10/15 бода.